Шпанскиот министер за здравство побара од властите во Мадрид да ги засилат мерките во тоа жариште на епидемијата на новиот коронавирус, предупредувајќи дека жителите на градот и околните региони без поостри мерки се во сериозен ризик“.
– Мадрид е во ситуација на сериозен ризик и време е да се дејствува одлучно, рече министерот за здравство Салвадор Ила на прес-конференција.
– Постои сериозен ризик за жителите, за соседните региони, додаде тој, повикувајќи ги градските власти „да го стават здравјето на граѓаните на прво место“.
Мадрид продолжи делумен карантин од вчера во неколку десетици квартови со повисоки стапки на инфекција, отфрлајќи ги препораките на Владата за воведување карантин за целиот град.
Бројот на заразени лица во Шпанија се зголеми за 12.272 од претходниот ден до петокот и се искачи на вкупно 716.481, што е најголем број на заразени луѓе во Западна Европа. Повеќе од 31.000 луѓе починаа како резултат на коронавирусот во државата.