Шпанскиот крал во изолација по контакт со заболен од Ковид-19

Од:

Шпанскиот крал Фелипе Шести (52) од вчера влезе во десетдневен карантин, откако бил во близок контакт со лице заразено со коронавирусот, соопшти кралското семејство.

Британските медиуми јавуваат дека кралот ги откажал сите јавни собири за време на карантинот, иако вчера присуствуваше на научен состанок во Мадрид.

Кралицата Летиција и нејзините две ќерки ќе продолжат со планираната кралска програма, додаваат извори од кралското семејество.

Шпанија од почетокот на пандемијата регистрира 1,58 милиони случаи на коронавирус, а 43.131 лица досега го загубија животот од болеста.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени