Шпански научници открија нов симптом на Ковид-19

Од:

Група шпански научници открија нов симптом на присуство на коронавирус, пренесува списанието „ЈАМА Дерматологија“.

Кај 29 отсто од случаите кои биле разгледувани, откриен осип на усната слузница, кој се појавил два дена пред другите симптоми на коронавирусот.

Научниците засега не можат да кажат колку е распространет овој симптом кај заразените, затоа што тој генерално тешко се забележува, а лекарите ширум светот досега немале причина да го поврзуваат осипот во устата со Ковид-19.

Вообичаени симптоми кои се појавуваат кај луѓето заразени од коронавирус се: треска, сува кашлица, замор и губиток на здив, а може да се почувствуваат и придружни симптоми како: болки во телото, затнат нос, течење на носот и болки во грлото.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени