Каталонскиот регионален премиер Карлес Пуџдемон одлучил да зборува утре во шпанскиот Сенат, јавија шпански медиуми, повикувајќи се на свои извори.
Според агенцијата Европа прес, Пуџдемон ќе има говор во 17 часот по локално време.
Во говорот се очекува да му даде одговор на Мадрид за одлуката на шпанската Влада да го активира членот 155 од Уставот.
Претходно, во 10 часот по локално време, Пуџдемон ќе има говор во каталонскиот Парламент. Единствена точка на дневниот ред е одговорот на Барселона на одлуката на Мадрид да го активира членот 155 од Уставот.
Каталонскиот весник Вангуардија објави дека Пуџдемон утре нема да има говор пред Сенатот на Шпанија.