Шпански функционер, близок до премиерот, позитивен на коронавирус

Од:

Шефот на шпанскиот Центар за вонредни ситуации при Министерството за здравство Фернандо Симон, кој го предводеше тимот за борба против новиот коронавирус, е позитивен на Ковид-19, соопшти неговата заменичка Mарија Хозе Сиера.

Симон одржуваше редовни контакти со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Сиера, исто така, информираше дека е променет трендот на заболување, па сега бројот на новозаразени е за 12 отсто поголем од претходниот ден, а досега растот беше од 20 отсто.

Од првиот случај на коронавирус во Шпанија на 30 јануари, досега се потврдени 85.195 случаи на зараза. Од последиците на овој вирус во таа земја досега починаа 7.340 пациенти, а се излекуваа 16.780 лица. Од Шпанија повеќе заразени имаат само САД и Италија

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени