Почна повлекувањето на дополнителните полициските единици, испратени во Каталонија за време на референдумот за независност на 1 октомври, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.
– Поддршката за полицијата и цивилната гарда, испратени во Каталонија, ќе бидат постепено повлекувани до 30 декември, изјави портпарол на Министерството. Тој не соопшти колку полицајци ќе бидат повлечени.
Според весникот „Пајс“, во регионот се распоредени околу 10.000 полицајци.