Шпанската Влада денеска, првпат по седум години, започна разговори со каталонската регионална сепаратистичка влада. Но, позициите на двете страни остануваат дијаметрално спротивставени, пренесе БТА.
Делегациите од двете земји се сретнаа во седиштето на регионалната влада на Каталонија во Барселона. Станува збор за седница на заедничката комисија, која последен пат се одржа во 2011 година. Обновата на работата на Комисијата е по договор на новиот шпански премиер, социјалистот Педро Санчез и каталонскиот лидер Ким Тора на 10-ти јули во Мадрид.
На средбата, двете страни се очекува да разговараат за прашањата поврзани со финансирањето, инвестициите во инфраструктурата, но делегатите од Каталонија сакаат првенствено да разговараат за политика. Тие сакаат владата да организира референдум за самоопределување и да ги ослободи каталонските лидери кои се во притвор и чекаат судење за нивната улога во обидот да се отцепи Каталонија од Шпанија.