Шпанската поморска спасувачка служба соопшти денеска дека спасила 54 мигранти од мал брод што се обидувал да го премине Гибралтарскиот Проток.
Во соопштението се наведува дека спасувачите утрово стигнале до бродот што се наоѓал на околу осум километри јужно од шпанскиот брег.
На бродот се наоѓале 44 мажи и 10 жени.
Шпанската поморска спасувачка служба смета дека бродот испловил од Мароко.