Шпанската полиција започна со отстранување на блокадите на патиштата во Каталонија

Од:

Шпанската полиција денеска започна со акција за отстранување на блокадите на патиштата што претпладнево ги поставија приврзаници на поранешниот регионален лидер Карлес Пуџдемон, во знак на протест поради неговото апсење во Германија и приведувањето на други сепаратистички лидери во Шпанија.

Полицијата интервенираше на автопатот А7, во близина на француската граница, каде според снимките што ги објавија шпанските медиуми, полицајците насила ги отстраниле демонстраните кои седеле на асфалтот, а други со свирежи ја пропратиле ваквата полициска акција.

Покрај автопатот А7, блокирани се и националниот магистрален пат Н340, кој ја поврзува Каталонија со југоисточна Шпанија. Освен тоа, сепаратистите го блокираа и движењето на двата главни приоди кон Барселона, од север и од југ, но оваа блокада по извесно време била отстранета.

Протестите ги организираат Комитетите за заштита на Републиката, самоорганизирани групи граѓани кои дејствуваат низ цела Каталонија и вчера објавија дека започнуваат со протести.

Тие издадоа соопоштение во кое истакнуваат дека по последните апсења и притворот на Пуџдемон „станало јасно дека е помината точката од која нема враќање“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата