Шпанската полиција уапси четворица осомничени членови на џихадистичка група

Од:

Шпанската полиција вчера во севрноафриканската енклава Сеута уапси четворица осомничени џихадисти, сите шпански државјани од мароканско потекло, кои формирале терористичка група и се подготвувале да извршат напад.

Министерот за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас изјави дека истражните органи, кои работеле заедно со мароканските колеги, утврдиле поврзаност меѓу осомничените членови на групата и двајцата браќа во Франција, кои ја нападнаа редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“.

Според него, уапсени се две двојки екстремно радикални браќа, кои биле добро воено обучени и физички и психички подготвени да извршат напад.

Во две куќи во Сеута вчера полицијата извршила претрес и пронашла пиштол, муниција, воена униформа, маски за лицето, список со шпански регистарски таблици на автомобили, ножеви, мечеви и документи.

Четворицата уапсени добивале инструкции преку интернет од лидерот на Ал Каеда во Ирак, Абу Бакр ал Багдади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите