Шпанската полиција уапси 12 политичари и високи претставници во Барселона

Од:

Шпанската полиција денеска изврши рација во седиштето на каталонската Влада во Барселона, при што се уапсени 12 политичари и високи претставници, јави ДПА.

Меѓу приведените е и заменик министерот за економија на Каталонија, Хосеп Мариа Хове, објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на паравоената полиција „Гвардиа Сивил“.

Апсењата се извршени десетина дена пред планираниот референдум за независност на Каталонија.

Стотици луѓе протестираа пред седиштето на регионалните власти во Барселона, повикувајќи ја шпанската полиција да „излезе“.

Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон свика итен состанок по спроведените рации и апсења.

Иако Уставниот суд во Мадрид го забрани референдумот кој треба да се одржи на октомври, Пуџдемон сепак вети дека гласањето ќе се спроведе.

Минатата недела еден милион луѓе излегоа на улиците на Барселона и бараа независност.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој неколку пати досега изјави дека во ниту еден случај нема да дозволи најбогатиот и економски најважниот регион во Шпанија да се отцепи од земјата.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата