Шпанската полиција отстрани каталонски министер од неговата канцеларија

Од:

Член на разрешената каталонска влада, Хозеп Рул, кој денеска објави фотографија од работното место, најавувајќи дека ги извршува своите одговорности, беше отстранет од двајца полицајци.

– Во канцеларијата, практикувајќи ја одговорноста која ни ја довери народот на Каталонија, објави Раул на Твитер, по што двајца полицајци влегоа во зградата и по неколку минути излегоа со Раул, кој на новинарите и симпатизерите им изјави дека ќе продолжи да работи.

Раул беше одговорен за територијални прашања во владата на Каталонија.

Шпанските централни власти рекоа дека отпуштените функционери можат да дојдат до нивните канцеларии и да ги земат своите лични предмети, но им е забрането да вршат какви било службени должности, во спротивно ќе бидат приведени.

Доколку се обидат да се извршуваат обврски, 12 членови на поранешната регионална влада, вклучувајќи го и лидерот Карлес Пуџдемон, ризикуваат да бидат обвинети за узурпирање на функции на други.

Каталонија од денеска е под директна управа на централната влада на премиерот Маријан Рахој, во очекување на реакцијата на каталонските сепаратисти кои беа сменети во петокот по прогласувањето независност на регионот.

Шпанското знаме утрово се развиори на зградата на регионалната влада, пред која новинарите очекуваа дали сменетиот претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, ќе продолжи да работи, бидејќи кажа дека не ги признава одлуките од Мадрид.

Неименуван извор од Барселона, изјави за францускиот печат дека „денеска е враќање во реалноста и дека сепаратистите нема да можат да се наметнат како државна власт”.

– Најверојатно ќе има некоја симболична борба против примената на членот 155 од Уставот за укинување на автономијата (Каталонија) како доказ дека централните власти не можат да се наметнат речиси 100 проценти тука, изјави извор за медиумите.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата