Шпанската медицинска сестра го победи вирусот ебола

Од:

Четириесет и четиригодишната Тереза Ромеро која се зарази со вирусот ебола додека како медицинска сестра се грижеше за двајца заболени свештеници во мадридската болница, ја победила болеста, соопшти шпанската влада.

Како што се наведува во соопштението, тестовите кои биле направени во недела покажале негативни резултати на вирусот ебола, меѓутоа повторно ќе бидат направени нови анализи со цел во потполност да се отфрли сомнежот дека жената има ебола.

Ромеро која на почеток на месецов беше хоспитализирана поради висока температура е лекувана со серум кој содржи антитела на вирусот ебола од лица кои ја преживеале болеста и уште неколку други лекови чии што имиња властите не ги наведуваат.

Весникот „Ел Мундо“ пренесе дека еден од лековите кои ги добивала Ромеро е антивиралниот лек Фавипиравир.

Инаку во болницата каде што е сместена медицинската сестра поради претпазливост, односно поради набљудување се наоѓаат уште петнаесет лица меѓу кои и сопругот на Тереза, со цел да се откријат евентуални знаци на ебола.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени