Шпанската крајбрежна стража спаси 49 мигранти во близина на Канарски Острови

Од:

Шпанската крајбрежна стража спаси 49 африкански мигранти од чамец, што  пловел во близина на брегот на островот Гран Канарија.

Чамецот бил забележан од рибари, кои ја алармирале крајбрежната стража. Мигрантите се однесени во пристаништето Аргвинегвин.

Спасените мигранти се мажи, од кои 35 се малолетни.

Според податоци на шпанското Министерство за внатрешни работи илегалната миграција на Канарски Острови годинава бележи раст од 700 отсто, а до крајот на април достигна до 1.936 мигранти. Во истиот период намалено е доаѓањето на мигранти во другите делови на Шпанија за 24 проценти.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја