Шпанската Цивилна гарда изврши денеска претрес во седиштето на регионалната полиција на Каталонија, „Мосос д’Есквадра“, во рамки на истрагата поврзана со референдумот за независност одржан на 1 октомври, изјави анонимен портпарол на Цивилната гарда.
– Вршиме контрола во врска со комуникациите во рамки на „Мосос д’Есквадра“ на денот на незаконскиот референдум на 1 октомври, истакна портпаролот.
Тој додаде дека полицајците извршиле претрес во седиштето на „Мосос д’Есквадра“ во каталонскиот град Сабадељ, како и во други канцеларии на регионалната полиција.