Шпанска Влада: Референдум за независност на Каталонија нема да има

Од:

Референдумот за независност на Каталонија нема да се одржи, изјави денеска портпаролот на шпанската Влада, Инихо Мендез де Виго.

– Нагласувам дека нема да се одржи референдум на 1 октомври, изјави Де Виго на пред конференција по седница на Владата. Тој повтори дека ставот на Мадрид е дека референдумот е нелегален.

– И покрај тоа, повеќе од 2.300 гласачки места се подготвени за референдумот за независност на Каталонија што ќе се одржи в недела, соопшти претходно регионалната каталонска Влада

Портпаролот на таа влада Жорди Турул изјави дека 2.315 гласачки места ќе има во Каталонија, и окоу 7.000 луѓе ќе бидат вклучени во спроведувањето на референдумот закажан за 1 октомври.

Непознато лице фрлило денеска запаллива направа врз полициска станица во Игуалада, на 50 км од Барселона откако полицијата во тоа место заплени вчера повеќе од шест милиони гласачки ливчиња и коверти како и 100 гласачки кутии.

Според анкети, огромно мнозинство граѓани на Каталонија, и покрај длабоката поделеност за независноста, сакаат да излезат на референдум и конечно да се реши тоа прашање.

Уставниот суд на Шпанија, тој референдум го прогласи за незаконски и Мадрид се обидува да го запре по секоја цена. Тоа предизвика протести во Барселона и други градови во Каталонија, па дури и во Мадрид, а интернет страниците кои го промовираа референдумот се блокирани.

Илјадници полицајци се распоредени за да се помогне во запирањето на луѓето да пристапат до гласачките места в недела.

Лидерите на Каталонија соопштија дека референдумот ќе биде одржан без оглед на се.

– Можеме повторно да печатиме гласачки ливчиња и тоа колку што треба. Имаме избирачки список, гласачки кутии и ќе имаме и гласачки места, изјави каталонскиот министер за надворешни работи Раул Ромева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски