Шпанија: Жена прогласена за мртва од ковид-19, по девет дена се вратила дома

Од:

Шпанската пензионерка Рохелија Бланко, чие семејство мислело дека починала од коронавирусот, ги изненадила блиските кога се појавила жива во својот дом за стари лица, девет дена по сопствениот погреб.

Според Ројтерс, дошло до забуна кога на семејството на жената му јавиле дека таа починала, а поради важечките мерки, нејзините блиски не можеле да присуствуваат на закопот.

Рохелија добила позитивен тест, па заедно со други заразени штитеници на домот за стари лица, биле префрлени во друга установа, специјализирана за лекување. Забуната се случила кога починала жената која била сместена во собата со Рохелија, а по грешка било забележано дека починала таа.

Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живее заедно со неа во домот за стари лица.

„Не можев да верувам. Ја оплакав смртта на својата сопруга“, изјавил Рамон Бланко за локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени