Шпанија воведува роботи во борбата против коронавирусот

Од:

Шпанија, земјата во која само вчера и денеска од коронавирусот починаа над 750 лица, воведува роботи за да го зголеми обемот на тестирања и на тој начин да влијае врз исклучително тешката состојба во земјата.

Директорката на Институтот за јавно здравје Карлос Трети, Ракел Јоти изјави дека владата работи на набавката на четири роботи што можат да го покренат бројот на дневни тестирања на 80.000.

-Роботите се корисни бидејќи можат да извршуваат автоматизирано тестирање, изјави таа.

Шпанската Влада најави дека ќе го зголеми обемот на тестирања и за таа цел обезбедила 64.000 сетови, пренесе Гардијан, додавајќи дека планот е да се набават милион тестови.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата