Шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис изјави денеска дека би бил изненаден доколку Белгија додели политички азил за каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон, кој заедно со петмина членови на каталонската влада се наоѓа во Брисел.
Ваквата изјава доаѓа по шпекулациите дека е можно Пуџдемон да побара азил во Белгија, откако од Мадрид е обвинет за поттикнување бунт, бунт против државнми активност и присвојување државни средства.
Пуџдемон веќе влезе во Прес клубот во Брисел, од каде ќе се обрати до јавноста. На влегување одби да даде каква и да е изјава.
Новинарите, кои го следат настанот, опишуваат дека таму се случува „хаос“, бидејќи повеќе од 200 претставници на медиумите се наоѓаат во малата сала, од каде ќе се обрати Пуџдемон.
Претходно, официјален Брисел одби да му ја отстапи салата во меѓународниот прес-центар во Брисел, со кој стопанисува белгиската влада.
Засега не е познато на што ќе се однесува неговата изјава. Според медиумите, можно е тој да објави дека поднесува барање за политички азил во Белгија, или дека ќе ја предводи „каталонскиот влада во егзил во Брисел”.