Шпанија со закон ќе забрани да се велича диктаторот Франко

Од:

Новиот „закон за демократско сеќавање“ во Шпанија има за цел да ја забрани фондацијата која го промовира наследството на генералот Франциско Франко, како и да им обезбеди репарации на жртвите на покојниот диктатор.

Законот, исто така, има за цел ќе го отвори патот за претворање на Долината на заганатите, мавзолејот што Франко нареди да се изгради и каде што повеќе од четири децении лежеа неговите посмртни останки, во цивилни гробишта за жртвите од двете страни на граѓанската војна од 1936-1939 година, изјави денеска вицепремиерката на шпанската Влада, Кармен Калво, јавија американските медиуми.

Законот е клучно изборно ветување на лидерот на социјалистите Педро Санчез, кој минатата година ги ексхумираше и премести останките на Франко на мали гробишта во Мадрид за време на неговиот прв краток мандат како премиер.

Санчез сега е во левичарска коалиција со крајно левичарската партија Обединети можеме (Унидас Подемос), а неговиот кабинет денес го одобри новиот нацрт-закон.

Може да поминат и месеци додека не се усогласи нацрт-законот и ги мине сите потребни нивоа на одобрување во парламентот.

Еден од најконтроверзните аспекти на предлог-законот е забраната на организации кои имаат потреба од јавно финансирање или од намалување на даноците, а истовремено го бранат франкоизмот.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени