Шпанија: Прв случај на фетус заразен со вирусот зика

Од:

Во Шпанија е забележан прв случај на фетус со микроцефалија предизвикана од вирусот зика, потврдија научниците од шпанското Министерство за здравство.

Министерството потврди дека бремената жена од Каталонија патувала во јужна Америка пред неколку месеци и дека е заразена со вирусот зика.

Во соопштението се наведува дека фетусот има неколку карактеристични деформации.

Ова е прв случај на деформација на фетус кај бремена жена заразена со зика, наведуваат од шпанското Министерство.

Пред ова, Шпанија регистрираше 105 лица заразени од кои 13 се трудници, пишува во соопштението.

Зика вирусот, кој се пренесува со убод на заразен комарец, може да предизвика микроцефалија – тежок дефект кај новороденчињата кои се раѓаат со абнормална мала глава и оштетен мозок.

Овој вирус е откриен во Бразил, каде до сега се откриени 1.200 случаи на микроцефалија кај новородени бебиња, предизвикана од овој вирус.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата