Шпанија: Најмногу шест луѓе ќе можат да слават Божиќ и Нова година заедно

Од:

Шпанската Влада ќе предложи поинакви празници, со ограничувања поради коронавирусот, така што на прославите ќе бидат дозволени само шест лица, пишува денеска шпанскиот весник „Мундо“.

Цитирајќи нацрт-документ на Министерството за здравство, за кој ќе се разговара со регионалните здравствени лидери, „Мундо“ наведува дека Владата ќе препорача канцелариските собирања и сличните прослави пред празниците да се одржуваат на тераси во ресторани, надвор или на места кои немаат повеќе од два ѕида.

Во документот се предлага планирање на поинаков Божиќ без одземање на неговиот дух, што го прави еден од омилените празници на граѓаните.

Семејствата со повеќе од шест члена, кои живеат заедно, ќе можат заедно да ги слават Бадник, Божиќ и Нова година, според владиниот нацрт-план кој го цитира „Мундо“.

Почетокот на полицискиот час во повеќето шпански региони ќе биде поместен од 23 часот на 1 часот по полноќ на 24 и 31 декември.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја