Шпанија му се извини на мароканскиот крал за обидот да се претресе неговата јахта

Од:

Официјален Мадрид мораше да му се извини на кралот на Мароко, Мохамед Шести, поради инцидентот со шпанската Цивилна гарда, во водите на Медитеранот, кога полицијата се обиде да навлезе и да ја претресе јахтата на мароканскиот суверен.

Кралот Мохамед, со својата придружба, во која имало гости и неколку брзи глисери за нивна рекреација и забава, бил во еднодневна прошетка покрај северноафриканскиот брег во Средоземно Море, во реонот на шпанската енклава Сеута.

Во еден момент, неколку брзи чамци на шпанската Цивилна гарда и на пограничната полиција им се приближиле на кралската јахта и на малата флотила околу неа.

Командирот на гардата побарал да се качи на јахтата за да полицајците извршат претрес, објаснувајќи дека трагаат по шверцери на дрога и на луѓе.

Налутениот крал се појавил пред полицаецот и го прашал-дали знае кој е и на чиј брод сака да се качи-а кога полицаецот рекол дека не знае, Мохамед ја тргнал од главата традиционалната облека во која се појавува. Дури тогаш полицијата ја увидела својата грашка и се повлекла.

Кралот Мохамед тогаш му телефонирал на шпанскиот крал Фелипе Шести и му се пожаил за инцидентот со полицијата. Набргу потоа, по налог на Министерството за внатрешни работи во Мадрид, кон малата мароканска кралска флотила дошол командантот на шпанската Цивилна гарда и му се извинил на кралот.

Инцидентот се случил само неколку денови по големиот наплив од околу илјада илегални имигранти, кои преку Гибралтарскиот теснец се истовариле на шпанскиот јужен брег, дојдени од мароканската страна.

Полицијата објаснува дека шверцерите на дрога, користат брзи глисери, слични на оние кои биле во придружба на кралската јахта,па затоа и барале да проверат кои се патниците на јахтата и каде патуваат.

Имигрантските власти во Шпанија се лутат на мароканските власти кои ги обвинуваат дека намерно вршат слаба контрола на границата, пропуштајќи ги имигрантите од Мароко да се префрлат на шпанското копно.

Шпанскиот крал Фелипе Шести има добри, пријателски врски со мароканскиот крал Мохамед.

Шпанската кралска двојка престојуваше минатиот месец во Мароко, во една од првите посети во странство на новиот суверен на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата