Во Шпанија околу 4.000 здравствени работници се заразени со новиот коронавирус и речиси секој деветти заразен член на медицинскиот персонал го пријавил тоа, објави шпанската здравствена служба.
–Имаме некои информации што не ни се допаѓаат, треба да ги ставиме под контрола, како што е фактот дека 3.910 здравствени работници се заразени, изјави шефот на здравствената служба, Фернандо Симон на прес конференција.
Во понеделникот, бројот на заболени во Шпанија, втората најтешко погодена земја во Европа, од Ковид-19 по Италија, беше 33.089. Ова значи дека здравствените работници сочинуваат 12 проценти од заразените.
Бројот на починати се искачи на 2.182, што е зголемување за 462 од неделата. Симон истакна дека 87 проценти од починатите имале 70 години или биле постари.
Шпанскиот вицепремиер, 62-годишниот Кармен Калво, вчера беше примен во болница во Мадрид поради респираторна инфекција. Владата соопшти дека ќе ги објави резултатите од тестот за коронавирус веднаш штом ќе пристигнат наодите.
Двајца шпански министри и сопругата на премиерот Педро Санчез од неодамна се позитивни на „Ковид-19“.
В среда, шпанскиот Парламент треба да го одобри продолжувањето на вонредната состојба за дополнителни петнаесет дена, односно до 11 април.