Шпанија ќе го тужи Мас поради гласањето за независност

Од:

Шпанија ќе го тужи претседателот на Каталонија, Артур Мас за „непослушност и нечесност“ бидејќи и покрај судската забрана, одржа гласање за независност.

Тужбата против Мас и неговиот заменик Хоан Ортега најверојатно ќе бидат поднесени во текот на денот или утре.

Тужбата против Мас би можела да значи забрана за неговата кандидатура на претстојните регионални избори, што треба да се одржат во 2016 година,

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска симболичното изјаснување на граѓаните за независност на Каталонија, што се одржа во неделата, го оцени како „голем неуспех на движењето за независност“.

Тој истакна дека уставната реформа е „единствен легален и одговорен курс“.

Каталонија во октомври се откажа од плановите за референдум, но на 9. неомври одржа необврзувачки референдум за независност од Шпанија, бидејќи судот изјаснувањето го прогласи за неуставно. Повеќе од 80 проценти од Каталонците гласаа за независност.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата