Шпанија ќе бара негативен ПЦР тест за патниците од ризичните земји

Од:

Шпанија ќе побара од сите патници кои доаѓаат од земји со висок ризик да приложат негативен резултат на ПЦР тест, јави весникот „Ел Паис“.

Мерката ќе стапи во сила на 23 ноември, а патниците кои доаѓаат од земји со голема стапка на зараза со коронавирус треба да приложат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Министерството за здравство на Шпанија денеска ја објави новата политика со образложение дека ќе ги користи критериумите на Европската унија за да дефинира кои земји се сметаат за високоризични.

„Основната референца ќе биде акумулираната инциденца на 100.000 жители во изминатите 14 дена“, се вели во соопштението, без да се дадат повеќе детали.

Според системот на ЕУ, земји со највисок ризик се оние со повеќе од 150 дијагностицирани случаи на 100.000 луѓе во изминатите 14 дена, или оние со инциденца поголема од 150 на 100.000 и со над 4 проценти позитивни тестови од вкупниот број тестирани.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата