Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква

Од:

Шпанските пратеници ја одобрија првата формална истрага за сексуална злоупотреба на деца во Католичката црква во Шпанија, гласајќи за формирање експертска комисија која ќе ја води истрагата.

Текстот, кој предвидува формирање на независна комисија за истражување на „одвратните дејствија на поединци против незаштитени деца“, беше изгласан со 286 гласа „за“, 51 „против“ и два воздржани.

Досега никогаш немало формална истрага за наводни злоупотреби од страна на свештенството – ниту од шпанската влада ниту од самата шпанска црква.

Во 2018 година, весникот „Ел Паис“ започна истрага за наводите за злоупотреба и доби детали за 1.246 случаи.

Црквата во Шпанија, која призна само 220 случаи во последните 20 години, никогаш не спроведе целосна истрага, тврдејќи дека има протоколи за справување со наводите за злоупотреба.

Во декември, Ватикан започна внатрешна истрага откако „Ел Паис“ го предаде досието со 251 случај на наводна злоупотреба помеѓу 1948 и 2018 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски