Владата на Шпанија истражува кој стои зад ширењето на лажни информации во врска со прогласувањето на независност на Каталонија.
– Многу такви акции доаѓаат од руската територија, но се уште не е возможно точно да се утврди нивниот извор, посочи Коспедал.
Таа не наведе какво влијание би имале тие дезинформации врз изборите во Каталонија.
– Бројот на лажни вести за Каталонија од ден на ден се менува и поради тоа нивниот точен број не може да се прецизира, нагласи шпанската министерка за одбрана.