Шпанија има повеќе од 40.000 мртви од коронавирусот

Од:

Шпанското Министерство за здравство излезе со податокот дека земјата вчера ја надмина бројката од 40.000 умрени лица како последица на заболување со Ковид-19.

Со оглед на фактот дека Шпанија вчера имаше 349 нови смртни случаи бројот на умрени до синоќа достигна над 40.000 и сега таа е меѓу земјите со најголем број жртви од Ковид-19.

Во Франција, оваа бројка од 40.000 мртви беше надмината минатата недела, а во Велика Британија вчера беше соопштено дека бројот на жртвите надмина 50. 000.

Шпанија во вторникот го регистрира рекордниот број смртни случаи во еден ден – 400.

И покрај застрашувачките податоци, шпанските власти проценуваат дека епидемијата „во последните две недели полека се стабилизира“ на 525 заразени на 100.000 жители.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени