Шпанија и Велика Британија пред договор за безбедност и одбрана за периодот по брегзит

Од:

Шпанија и Велика Британија преговараат за договор за безбедност и одбрана за периодот по повлекувањето на Лондон од Европската унија. Ова го објави весникот Паис, повикувајќи се на шпански дипломатски извори.

Според весникот, договорот предвидува соработка во борбата против тероризмот, во киберодбраната, како и заеднички воени мисии и „мерки за доверба“ што влијаат на британската база на Гибралтар – повод за постојани несогласувања меѓу двете земји.

Весникот појаснува дека во проектот не се споменуваат проблеми поврзани со надворешната политика и одбраната, што дава многу можности за заеднички активности.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег