Шпанија и Британија постигнаа начелен договор за Гибралтар

Од:

Лондон и Мадрид постигнаа „начелен договоро“ за Гибралтар со кој ќе се овозможи слободно движење на границата помеѓу Шпанија и британската енклава, изјави денеска шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаја.

Договорот е постигнат неколку часа пред истекот на транзицискиот период по излезот на Велика Британија од Европска Унија. Со договорот ќе биде избегнато границата помеѓу Гибралтар и Шпанија да стане „цврста“ граница помеѓу Велика Британија и ЕУ.

Велика Британија на 31 јануари излезе од ЕУ (Брегзит), а денеска истекува преодниот период кога Лондон излегува и од единствениот пазар на ЕУ и од царинската унија. Лондон и Брисел потпишаа Договор за трговските односи по 1 јануари 2021 година.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда