Шпанија ги прими првите странски туристи по три месеци

Од:

Во Шпанија денес по три месеци пристигнаа првите туристи, откако Владата дозволи влез на странски посетители само на Балеарските Острови, во рамките на пробна програма.

Шпанија поради пандемијата со Ковид-19 ги затвори границите за туристите на 14 март, а ќе ги отвори за земјите-членки на шенген зоната на 21 јуни. Границата со Португалија ќе биде отворена на 1 јули, најавија властите.

Балеарските Острови – Мајорка, Ибица, Менорка, Форментра и Кабрера,  се во Средоземно Море и се традиционално летувалиште на туристи од Германија, Велика Британија и друго западноевропски земји.  На аеродромот во Палма де Мајорка денескслета првиот авион од Дизелдорф со 180 патници.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја