Шпанија: Евакуација на лица со слаба подвижност на островот Ла Палма

Од:

Шпанските власти денеска почнаа со евакуација на луѓе кои се помалку подвижни на островот Ла Палма во Атлантикот, откако експертите издадоа предупредување за посилни земјотреси и постојана опасност од вулкански ерупции.

Властите наложија евакуација на жителите кои се помалку подвижни од селата во близина на центарот на сеизмичка активност како превентивна мерка. Некои ќе бидат пренесени во воен објект на островот.

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е регистриран денеска, бидејќи на површината се почувствувале вибрации на сеизмичка активност.

Научниот комитет на Планот за спречување на опасност од вулкани соопшти дека најверојатно ќе се почувствуваат посилни земјотреси и би можеле да предизвикаат оштетување на зградите.

Итните служби добија наредба да се подготват за евакуација на околу 1.000 луѓе, доколку е потребно, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени