Шолц: Плаќањата за рускиот гас ќе продолжат во евра или долари

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека западните земји ќе продолжат да плаќаат за рускиот гас во евра или долари и покрај заканата на Кремљ дека ќе го прекине снабдувањето доколку не се плаќа во рубљи.

„Ги разгледавме договорите за испорака на гас“, изјави Шолц во Берлин.

„Во нив се вели дека плаќањата се вршат во евра, понекогаш и во долари… и јас во мојот разговор со рускиот претседател јасно кажав дека тоа ќе остане така“.

Шолц имаше вчера телефонски разговор со Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот