Шолц најави кратења: Ги намалува трошоците и субвенциите, поддршката за Украина останува

Од:

Германската коалициска влада, која се состои од Зелените и либералите заедно со социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц, постигна договор за буџетот за 2024 година по неколкунеделни преговори, кој вклучува намалување на трошоците и субвенциите, додека поддршката за Украина ќе продолжи да биде значајна.

Уставниот суд на Германија претходно пресуди дека 60 милијарди евра од фондот за борба против пандемијата на корона вирусот не може да се користат за други цели, а непосредна последица за германската економија беше „дупка“ од 17 милијарди евра во буџетот за 2024 година.

– Владата се држи до своите цели – енергично ја туркаме климатската реконструкција на нашата земја, ја зајакнуваме социјалната кохезија и стоиме цврсто до Украина, но јасно е дека треба да се справиме со значително помалку пари, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција