Шолц го повика Иран да го прекине „циклусот на ескалација“ по израелските напади утринава

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика Иран да го прекине „циклусот на ескалација“ откако Израел утринава изврши напади врз ирански воени локации.

Шолц посочи дека воздржаноста може да го отвори патот за мир на Блискиот Исток, објави Ројтерс.

– Мојата порака до Иран е јасна: не можеме да продолжиме со масовни реакции и ескалација. Мора веднаш да престане. Ова ќе создаде можност за мирен развој на Блискиот Исток – изјави германскиот канцелар на социјалната мрежа Икс.

Израел утринава нападна воени локации во Иран како одговор на нападот на Иран од 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Германскиот канцелар му одговори на Џеј Ди Венс

Предраг Петровиќ

Шолц и неговите партиски соборци лошо котираат кај избирачите

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

Шолц од Давос: За Германија останува многу важно сојузништвото со САД

А1он

Социјалдемократската партија официјално го избра Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар