Шолц: Германија мора да биде подготвена за ескалација на војната во Украина

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија мора да биде подготвена за ескалација на ситуацијата во Украина.

Шолц ова го изјави на конференција во Берлин, пренесе Ројтерс.

Како што рече, одбранбениот фонд вреден 100 милијарди евра, кој беше објавен по почетокот на војната во Украина, е резултат на научената лекција за изградбата на одбранбените акции на германската армија.

На конференцијата тој се осврна на глобализацијата, велејќи дека Германија нема причина да се плаши од развојот кон мултиполарен свет и дека Југоисточна Азија ја гледа како важен партнер за раст и предупреди на ризиците од деглобализацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО