Шолц: Германија ќе ја поддржува Украина се додека е потребно

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја увери Украина дека неговата земја ќе ја поддржува против руската инвазија онолку долго колку што е потребно.

„Германија цврсто стои на страната на Украина, денес и се додека на Украина и е потребна нашата поддршка“, рече Шолц во видео пораката што ја објави на својот Твитер профил по повод националниот празник на земјата нападната од соседна Русија.

„Ќе продолжиме да доставуваме оружје… да ги обучуваме украинските војници (да ја користат) најдобрата европска опрема“, вети тој.

Вчера Германија објави дека ќе и испорача уште оружје на Украина, дел од тоа во текот на следната година. Пратката ќе биде во вредност од 500 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он