Шолц: Доколку Русија ја нападе Украина, Германија може да го прекине проектот „Северен тек 2“

Од:

Британските медиуми ја пренесуваат изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека неговата земја би можела да размисли за запирање на гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина, откако се зголеми притисок врз неговата влада да заземе поостар став кон Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Шолц во Берлин се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за да разговараат за следните чекори во однос на украинската криза, откако разговорите меѓу Русија и западните земји за распоредување руски војници долж украинската граница минатата недела завршија без напредок.

Шолц претходно изјави дека Германија е отворена за санкции во случај на руски напад врз Украина со сè што е на масата, што ќе вклучи и запирање на гасоводот „Северен тек 2“ од Русија до Германија, што има за цел да донесе повеќе руски гас во Западна Европа.

Некои набљудувачи велат дека Шолц испраќа измешани сигнали споменувајќи го гасоводот, што е веќе изграден, но сè уште не е лиценциран, а е приватен комерцијален проект што не треба да се издвојува за санкции.

Неговите социјалдемократи, најголемиот партнер во тричлената коалициска влада, историски се поблиску до Русија од другите германски партии, а Берлин е под притисок да најде начин да ја пополни својата енергетска празнина бидејќи се повлекува од производството на јаглен и нуклеарна енергија, со што земјата станува позелена.

Противниците на „Северен тек 2“, вклучувајќи ги и Украина и САД, наведиваат дека тоа ќе ја направи Европа премногу зависна од Русија во снабдувањето со гас.

Одговарајќи на прашањето за „Северен тек 2“, Шолц на новинарите и кажа дека „е јасно е дека цената ќе биде висока и дека за се ќе треба да се разговара доколку има воена интервенција во Украина“.

Судбината на проектот на крајот би можела да биде надвор од рацете на Германија, бидејќи е предмет на регулаторно одобрување во рацете на Европската унија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, минатата недела изјави дека пуштањето во употреба на гасоводот зависи од секој потенцијален конфликт меѓу Русија и Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Извори: Германската Влада ќе го одложи гласањето за зголемување на воениот буџет

А1он

Москва ја поддржа одлуката на СПЦ да ја призне МПЦ

А1он

Вашингтон пост ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина

А1он

Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина

А1он

СПД: Поразот на изборите во Северна Рајна-Вестфалија не го менува ставот на Владата кон војната во Украина

А1он

Русија го прекина извозот на струја за Финска

А1он