Руските истражители покренаа постапка по пронаоѓањето на двајца рибари кои три месеци беа изгубени на далечниот исток на земјата, поради сомневање дека го изеле нивниот колега за да преживеат.
Спасувачите конечно овој месец ги пронајдоа двајцата изчезнати покрај реката Сатум, на 250 километри од најблискиот град Нерјунгријн на југот на Јакутија, но без останатите двајца рибари кои беа со нив.
Пронајдените мажи тврдеа дека нивната група се поделила и дека останале само двајцата живи зашто навикнале да живеат на отворено.
Но покрената е истрага за убиство откако врвни истражители открија делови од човечко тело во близина на местото каде што беа пронајдени двајцата рибари.
„Истражителите детално ги испитуваа двете области. Делови од човечко тело со знаци на насилна смрт беа откриени и отстранети. Покрената е истрага за убиство“, соопшти огранокот на Руското истражно биро за Јакутија.
Во рускиот кривичен закон не постои член за канибализам, но агенцијата РИА Новости објави дека почетната теорија е дека двајцата рибари го изеле нивниот колега. Не е јасно што се случило со четвртиот рибар.
„Пронајдовме исечени човечки коски, делови од главата и парче мраз со дамки од крв“ изјави еден од истражителите.
Спасените рибари кои имаат 35 и 37 години тврдат дека не го изеле нивниот другар и дека успеале да преживеат во суровата зима, така што се засолнале во дрвена колиба и собирале храна во природата и ловеле.
Меѓутоа не сајтот lifenews.ru објавено е дека побегнале од болницата во која се лечеле од смрзнатини и дека сега се наоѓаат во бегство.