Десет годишно девојче обвинето е за убиство на три месечно бебе, соопшти полицијата во државата Мејн, на северот на САД.
Полицијата не сакала да го открие идентитетот на девојчето, која пред Судот за малолетници ќе се појави во октомври.
Негувателката се јавила во полиција и кажала дека бебето не дише.
Мајката на бебето Никол Гринвеј, кажа дека 10 годишното девојче живеело во куќата на негувателката.
Таа раскажала дека полицијата и рекла дека девојчето на бебето му дало да испие лек кој се користи за лекување на недостаток на внимание и дека се угушила. Мајката изјавила дека видела модринки по телото на ќерката.