Шојгу тврди дека Украина подготвува напад на руска територија, најаува експресен одговор

Од:

Рускиот министер за одбрана на денешниот состанок на одборот на министерството изјави дека командата на украинските вооружени сили планира да изврши напади на руска територија, вклучително и на Крим, со ракети ХИМАРС и „Сторм шедоу“.

„Според нашите информации, раководството на украинските вооружени сили планира да изврши напади на територијата на Руската Федерација, вклучувајќи го и Крим, со ракети „ХИМАРС“ и „Сторм шедоу“, изјави тој.

Највисокиот руски воен функционер нагласи дека употребата на западно оружје надвор од зоната на специјални воени операции ќе предизвика итни руски напади врз центрите за одлучување во Украина. Тој додаде дека таквиот потег ќе значи целосно вклучување на САД и Обединетото Кралство во конфликтот, пренесува руската државна новинска агенција Тас.

Шојгу, исто така, објави дека украинскиот режим ја продолжува својата контраофанзива. Тој тврди дека Украинците ги ангажирале своите елитни единици обучени од НАТО, но и дека користат големи количини оружје што го добивале од Запад.

„Од 4 јуни, украинската армија изврши 263 напади врз позициите на руските војници. Благодарение на компетентните, несебични акции на нашите единици, сите беа одбиени, а непријателот не ги постигна целите“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ