Русија нема да распоредува нови ракети се додека САД исто така се воздржуваат во Европа и Азија, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
САД официјално се повлекоа на 2 август од договор со Русија за елиминација на нуклеарните ракети со краток дострел и среден дострел (ИНФ), обвинувајќи ја Москва за кршење на тој договор и распоредување забранети видови ракети, што Кремљ негира.
ИНФ беше склучен во 1987 година и со него се елиминираа ракети со дострел од 500 до 5500 километри.
Русија исто така се повлече од договорот, но Шојгу рече дека нема планови за распоредување нови ракети.
– Ќе се придржуваме до тоа. Ако нема такви системи во Европа, нема да сториме ништо таму, изјави тој за телевизијата Росија-24