Шојгу: Ќе повикаме 300 илјади резервисти, во војна сме со целиот Запад

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека Русија веднаш ќе започне со мобилизација на 300.000 резервисти.

„Нашите човечки резерви се огромни и изнесуваат 25 милиони луѓе, а оваа мобилизација претставува само еден процент од потенцијалот“, рече рускиот министер за одбрана. Ќе бидат мобилизирани лица со претходно воено искуство и тие ќе поминат обука пред да заминат на бојното поле.

„Ние не се бориме против Украина, туку против целиот Запад“, рече Шојгу.

Шојгу рече дека Русите досега изгубиле 5.937 животи во војната во Украина. Шојгу го имаше телевизиското обраќање откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи итна делумна воена мобилизација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива