Шојгу го смени генералот што ги предводеше руските сили во Бахмут

Од:

Руските воени блогери шпекулираат дека руското Министерство за одбрана го сменило генерал-полковник Андреј Сичевои од неговата функција како командант во Бахмут поради лошите резултати на бојното поле јужно од градот, во близина на Клишчејевка и Андрејевка, пишува Институтот за проучување на војната (ISW).

Според ISW, „Бура З“ на 1 октомври предложила руската воена команда да го отстрани Сичевј затоа што извршувал контранапади кај Андрејевка и Клишчејевка кои биле „неподготвени и без поддршка“, објави „Киев Индипендент“.

Тој беше командант на Западната група на сили во регионот Харков се додека не беше сменет во септември 2022 година, а неговата моментална позиција во руската армија е непозната.

Претходно оваа недела, ISW објави дека украинските сили напредувале во близина на селото Орихово-Василивка, лоцирано 11 километри северозападно од Бахмут (Артјомовск на руски) во Доњецката област.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск