Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го посети градот Мариупол во источна Украина, кој е под контрола на руските сили, соопшти Министерството, пренесува Ројтерс.
Во соопштението Министерството наведува дека Шојгу при посетата проверил и како напредуваат работите на реконструкција на инфраструктурата во Донбас, вклучително и тој град.