Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повика на реорганизација на Европската комисија, со која нејзините главни надлежности на би биле распределени меѓу помал број комесари.
– Можеме Европската комисија да ја организираме на поефикасен начин, објаснува конзервативниот министер во текст, што утре ќе биде објавен во весникот „Велт“.
Тој предлага сите надлежности да им бидат дадени на ограничен број заменици-претседатели на Европската комисија, на кои ќе им да бидат потчинети останатите еврокомесари.
Овој предлог веќе беше даден за време на кампањата за изборите за Европскиот парламент од страна на кандидатот на Алијансата на либералите и демократите за Европа, Ги Верхофстат, и се чини има поддршка и од Париз.
Европските лидери неделава ги определија приоритетите на ЕУ за следните пет години: раст, вработување, конкуренција, продлабочување на монетарната унија, енергија и зачувување на климата, прашањата на безбедноста и имиграцијата, надворешните работи.