Шојбле: Напуштањето на Еу од страна на Британија би било катастрофа

Од:

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе биде катастрофа и покрај несогласувањата за највисокото ниво на бонуси за банкарите, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Велика Британија не поддржува правила на ЕУ за највисоко ниво на бонуси што може да биде закана за водечката улога на Лондон како финансиски центар, јавуваат западни медиуми.

– Би претпочитал Британците да прифатат бидејќи не би сакал во крајна сметка, да излезат од ЕУ. Политиката на Германија е да не бидат поддржани гласови кои ја гледаат ЕУ без Обединетото кралство, изјави Шојбле за Стандарт.

– Нека тогаш се обидеме да објасниме на некои Индонезиец – Европа е неверојано силна и динамична заедница, но не е во состојба да задржи свој член како Велика Британија. Таква загуба би била катастрофа, додаде германскиот министер. Тој предупреди дека правилата за бонусите за банкарите нема да бидат олеснети при никакви услови.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина