Шојбле: Меркел се наоѓа под се поголем притисок

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа под се поголем притисок да го намали бројот на мигранти кои пристигнуваат во Германија, а избирачите се повеќе се сомневаат дека државата може да се избори со бегалската криза, изјави министерот за финансии Волфганг Шојбле, пренесе Танјуг.

Оваа изјава на блискиот соработник на германската канцеларка ја покажува се поголемата загриженост меѓу владеачките политичари на само шест недели пред регионалните избори во три сојузни покраини.

На една панел расправа во Дизелдорф Шојбле кажа дека „очигледно притисокот врз Меркел во бегалската криза е поголем отколку што беше пред осум месеци“, пренесуваат британските медиуми.

Тој предупреди дека во дел од населението растат сомневањата дека државните институции можат да се изборат со кризата и додаде дека скептицизмот веројатно ќе ја потресе политичката сцена во Германија и дека новите партии веројатно ќе влезат во повеќе регионални парламенти.

– Очекувам посилна диверзификација на партискиот спектар, рече Шојбле во пресрет на изборите во Баден-Виртенберг, Северна Рајна и Фалачка и Саксонија Анхалт, закажани за 13 март.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ