Шојбле: Германија не разработува план за излез на Грција од еврозоната

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ги демантираше шпекулациите дека Берлин разработил модел за излез на Грција од еврозоната, таканаречен „Грексит“ (Grexit).

– Не подготвуваме никаков Грексит, изјави Шојбле на Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос.

Прашањето за евентуално напуштање на Грција од еврозоната повторно се актуелизира непосредно пред одржувањето на изборите в недела, на кои според анкетите се очекува да победи радикалната партија СИРИЗА.

Шојбле ги пофали напорите на Атина за заздравување на својата економија. Тој предупреди дека земјата нема да добива помош од новата програма на Европската централна банка за стимулирање на економијата, доколку било која влада одлучи да не ги спроведува реформите, наметнати од меѓународните кредитори.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски